Во светот
Mercedes-AMG C43 4Matic: Чист спорт, со или без кров!
Покрај обновување на седанската и караванската верзија на C-Class, Mercedes ги апдејтираше и Coupe/Cabriolet изведбите кои ги носат ознаките на AMG.
Започнувајќи од моторот, преку другите механички склопови па се до функционалните делови и естетиката, се е подложено на ревизија. Типичен пример како и перфектното може додатно да се подобри.
Битурбо V6 моторот од 3.0 литри сега располага со 390 КС и вртежен момент од 520 Nm кои ги испорачува во широк работен опсег. Силината кон сите четири тркала се пренесува преку Speedshift tct 9G менувач.
Максималната брзина, кај двете каросериски верзии, електронски е ограничена на 250 км/ч, а забрзувањето до првата стотка кај купето изнесува 4.7 додека кај кабрио-изведбата 4.8 секунди.
Во остварување на овие AMG перформанси свој придонес дава и волшебното копче, Dynamic Select кој со своите 5 различни модови овозможува прилагодување кон конкретните услови и спортските желби на возачот.
Со избраниот мод, автоматски се подесуваат и одзивот на папучата за гас, цвсртината на амортизерите, работата на менувачот и управувачот.
Штом менувачот се префрли на мануелен начин на промена на степените веднаш останатите склопови се прилагодуваат кон режимот на возење диктиран од возачот.
Сите параметри на возилото можат да се следат на новата дигитална инструмент табла, која се рабира нели, може да се постави и да прикажува само основни тркачки параметри – колку да се знае кој е актуелен светски шамион во Форимула 1.