Во светот
Mercedes со рекордни бонуси за своите вработени
Крајот на календарската година е убав повод за сумирање на финасиските резултите – Mercedes богато ги наградува своите работници.
Години наназад Porsche е на чело според богатите бонуси за вработените. Годинава сериозно му конкурира Mercedes кој за 100 илјади вработени подготви издашни премии.
И покрај вонредните пандемиски услови и недостаток на компоненти Daimler AG и Mercedes-Benz постигнаа изненадувачки добри финансиски ефекти.
Зголеменето финансиско салдо раководството одлучи да го подели со вработените на кои ќе им додели богат бонус од по 6.000 евра.
Иако групата Daimler AG сеуште не ги објави конечните годишни финансиски изваштаи, јасно е дека тие ги надминуваат и најоптимистичките очекувања.
Сакам да им се заблагодарам на сите колеги кои со својата посветеност придонесоа за ова достигнување.
Бидејќи минатата година не беше лесна, задоволна сум што можеме да им исплатиме на нашите вработени бонус за рекордниот профит“- изјави Сабине Колајзен, одговорната за човечки ресурси и односи со вработените.
Колку за потсетување, минатата година вработените беа нарадени со 500 до 600 евра бонуси, а на таа сума и беше додаден уште и „коронабонус“ во висина од 1.000 евра.