Во светот

Mercedes и BMW се повлекоа од CES

Објавено на

 

Корона-страшилото уште еднаш ги покажа своите заби и ‘ржејќи им на оние кои му пркосеа еден по еден започна да ги брка од претстојниот CES.

Така во последен момент, само неколку дена пред почетокот, саемот на потрошувачка електроника во Лас Вегас остана без BMW и Mercedes.

Двете германски компании соопштија дека сите активности планирани за таму, место во живо ќе ги изведат дигитално, од своите канцеларии.

Со нив, списокот на оние кои се премислија за првобитните планови да настапат на CES кој ќе одржи од 5 до 8 јануари, стана уште подолг.

На него, меѓу другите, се и General Motors, Waymo, Amazon, AMD, Intel, Microsoft…

 

 

 

 

Popular Posts

Copyright © 2019 Autoinfo.mk. Изработено од SVNA Design.