Во светот
Mercedes изненади со електричен велосипед
Познатиот германски производител на автомобили Mercedes-Benz, во соработка со N+, дизајнираше нов електричен велосипед.
Овој велосипед ниту е прв електричен, ниту пак прв со знакот на Mercedes, но е прв за кој според изгледот никогаш нема да се каже дека е електричен.
Зборот нормален сфатете го условно бидејќи самиот велосипед кој ја има ознаката EQ Formula E Team eBike, е далеку од нормален.
Тој како прво е електричен, нешто што никогаш нема да се каже ако се погледне со обични очи бидејќи е далеку поелегантен од сите досега вакви направени.
За тоа е заслужен токму Mercedes, чии инженери и дизајнери успеаја да ја скротат напредната техника во изгледот на обичен велосипед направен за друмско-ридски предизвици.
Преточено во конкретни бројки тоа значи автономија од стотина километри пред да дојде времето за полнење, кое ќе трае три часа.
Батеријата е можно да се извади од велосипедот, кој со помош на струјата која таа ја обезбедува и електромоторот што го има, ќе достигне доволни 30 километри на час.
Останатата опрема е на ниво кое може да се очекува – рамката е направена од рачно полиран алуминиум, вилушките се од јагленородни влакна, а гумите отпорни на продупчување. За цената подобро не прашувајте.