Во светот
Mercedes бара 93.438 евра за новата S-класа
Mercedes-Benz ги објави цените на новата генерација на S-класата во Германија.
Напредокот си има своја цена – во овој случај 93.438 евра колку што Mercedes во Германија бара за новата S-класа.
Нарачките веќе се примаат, а со испорака ќе се започне во декември годинава, најпрво во Европа а после и во останатите региони во светот.
Основниот пакет чија цена е наведена има ознака S 350d и содржи 2,9 литарски дизел со 286 KS и максимални 600 Nm. За продолжената изведба треба да се доплата 2.656 евра, за верзијата со погон на сите тркала 3.712.
Моделот S 400d 4Matic со 330 KS и 700 Nm чини 103.994 евра, а бензинскиот S 450 4Matic кој е достапен со 3,0 литарски мотор со 367 KS и 500 Nm и подолго меѓуоскино растојание 106.650 евра.
На врвот засега се наоѓа S 500 4Matic со истиот агрегат но со 435 KS и 520 Nm, кој чини 115.130 евра. Сите верзии се опремени со 9-степен автоматски менувач.
Нормално, сите овие бројки се без бројните дополнителни опции, кои не се евтини. На пример, 3D екранот за возачот чини 1.148 евра, head-up дисплејот 3.468, амбиенталното осветлување 916, управувачката задна оска 1.508, задните воздушни перничиња 580…