Во светот
McLaren Speedtail: Наследникот е роден
Новиот хипер спортист на Mclaren има хирбиден погон од 1.050 КС, вози максимлано до 403 км/ч, и чини нешто над 2 милиони евра.
Пред да ги соопштиме фасцинантните бројки само да напоменеме дека хипер спортистот ќе биде изработен во ограничена серија од само 106 примероци.
Тоа и не претставува некоја екстремно мала бројка, но ако се земе предвид дека голем процент од нив ќе завршат кај колекционерите, станува јасно дека се збори за вистинска автомобилска егзотика.
Само треба да се сетиме на славниот претходник, кој асоциативно беше наречен,F1 за да ни станат јасни критериумите кои морало да бидат испочитувани, … и суштински надминати!
На промотивните материјали. McLaren дава до знаење дека монококот на Speedtail е изработен од композитни материјали, суспензијата е алуминиумска а сопирачките керамички, има досега невидена аеродинамика, хибриден погон, постигнува брзина над 400 км/ч, и се разбира, место за три патници во кабината.
За адекватно одбележеживање на датумот на раѓање, експертите на McLaren вградуваат хибриден погон кој со својата вкупна силина од 1.050 КС гарантира сериозни перформанси.
Тоа значи дека првата (не стотка, не двестотка) тристотка (!) се фаќа за неверојатни 12.8 секунди, забрзувајќи така до максимумот од 403 км/ч.
Во овие постигнивања свој придонес даваат и активната суспензија и активната аеродинамика, како и физичките особини на овој, во суштина, патен болид.
При високи брзини максималната височина на Speedtail изнесува 1.120 mm, а вкупната должина на оваа аеродинамична „капка“ од 5.137 mm не тежи повеќе од 1.430 kg.
Помеѓу овие бројки, но и во употребата на врвната тркачка технологија, се крие и тајната за извонредната динамика на Speedtail. Описот на останатите компоненти кои се многу блиски до актуелниот F1 болид на McLaren, би ни одземало и превише простор, па затоа до испорака на првите примероци кои се планирани за 2020 година, ќе ве оставиме да уживате во приложената фото галерија.