Заради итна потреба од пари, британскиот производител ја продава управната зграда.
Финансиските тешкотии во кои западна McLaren го принудија раководството на продажба на главниот центар во Вокинг.
Планот е парите добиени од него да се искористат за намалување на последиците предизвикани од корона кризата.
За овој модерен центар е побарано 200 милиони фунти, што е за 40% повеќе отколку приходите што компанијата ги оствари во првата половина од годинава.
Колку длабока е кризата во која се најде британскиот производител најдобро ги илустрираат приходите од истиот период лани, кои изнесуваа 592 милиони фунти.
Идниот купувач сепак нема да може да располага со објектот – услов е тој да биде изнајмен назад, за што McLaren ќе плаќа кирија.
Заради истите причини, ќе бидат отпуштени и 1.200 работници, а ќе биде продаден и малцински удел во F1 тимот.
Во 2018-та и 2019-та McLaren успеа да продаде по околу 5.000 автомобили, а годинава се очекуваат само 2.700.