Во светот
Mazda2 Hybrid – Нова, но добро позната
Mazda ја претстави новата хибридна варијанта на својот хечбек од Б-сегментот, која ни е добро позната.
Јапонците воопшто не се ни потрудија да сменат нешто во дизајнот, така што двете возила се сосема идентични.
Идентична е и механиката – трицилиндричен бензински агрегат со работна зафатнина од 1,5 литри, потпомогнат со електромотор.
Ако се вози поумно, според WLTP протоколот во комбинираниот циклус ќе потроши само 3,8 литри гориво на 100 километри.
Опременоста ќе биде разделена во три нивоа, а цените ќе ги дознаеме кога ќе доближи пролетта кога е планиран почетокот на продажбата.