Во светот

Mazda RX-Vision: уф, … ова изгледа бомбастично

Објавено на

 

Рендерот за новата Mazda го наговестува можниот изглед на новиот спортист од Хирошима со Wankel мотор.

Mazda RX-Vision во концептна верзија е прикажан на Tokyo Motor Show во 2015 година.

Автомобилот кој очигледно беше конструиран по примерот на Porsche 918 Spider, веднаш од фановите беше маркиран како идна спортска ѕвезда.

RX во ознаката уште повеќе ја дразнеше фантазијата – тоа се двете букви кои недвосмислено укажуваат на вградување на ротациски, Wankel мотор. Суште се свежи сеќавањата на импресивната Mazda RX-7.

Кога се бара конкретен одговор на прашањето, кога RX-Vision може да се пресели од комјутерска скица во продукциска реалност, шефот на дизајн во Маzda, Икуо Маеда одговара воздржано.

„Тоа е сонот кој ќе се потрудам набргу да биде реализиран“ – вели тој. Со легендарната Mazda MX-5 ние покажавме дека знаеме да го погодиме вкусот на купувачите, но можеби сега е дојдено времето да понудиме спортски автомобил со поизразени перформанси, поентира Маеда.

Целата фама околу новиот спортист на Mazda добива на интензитет со прикажување на натпреварувачката изведеница, RX-Vision GT3 за серијата Grand Turismo Sport во која ќе се вгрaдува цел сет натпреварувачки елементи.

Впечатокот кој се стекнува од рендерите на Mazda RX-Vision навистина е импресивен, а такви се и реакциите на бројните фанови. Дали тоа ќе биде доволно за стратезите на Mazda, останува да покаже блиската иднина.

 

 

 

 

 

Popular Posts

Copyright © 2019 Autoinfo.mk. Изработено од SVNA Design.