Во светот
Mazda EZ-6: елегантна лимузина во кинеско јапонска режија
Mazda EZ-6 е прва од серијата нови електрифицирани возила (возила со нова енергија) развиена и произведена од Changan Mazda, односно на Mazda и Changan Automobile, а ќе биде лансирана во Кина до крајот на 2024 година.
Тие се фокусираат на посебно возно искуство кое го комбинираат со напредна технологија за електрични возила. Додатно, тука е и „смарт“ технологијата обезбедена од Changan Automobile.
Ќе бидат достапни две верзии на Mazda EZ-6, електрично возило со батерии (BEV) и plug-in хибридно електрифицирано возило (PHEV).
Се заснова на автентичниот дизајн на Mazda . „Soul of Motion“, изразен преку напреден стил, соодветен за ерата на електричните возила. Генерално, возилото покажува едноставна, течна купе форма.
Mazda EZ-6 располага со распределба на тежината во однос 50:50 помеѓу предниот и задниот дел (BEV моделот). Предната и задната суспензија се поврзани во повеќе точки, како и заден спојлер со електрична команда кој ја подобрува стабилноста при големи брзини.
Други карактеристики кои ја подобруваат безбедноста и практичноста вклучуваат интелигентен погонски систем кој обезбедува поддршка за возачот, како и технологија за ублажување на несреќи.
Интелигентна технологија за паркирање која овозможува MAZDA EZ-6 да се контролира со глас, дури и кога возачот е надвор од возилото. Тука е и паметната технологија која овозможува ракување на различни начини, вклучувајќи гласовна контрола, допир и контрола со гестови.
Моделот BEV има очекуван досег на возење од приближно 600 km, додека моделот PHEV се очекува да постигне над 1.000 km автономија на возење со еден резервоар гориво.