Во светот

Mazda претстави нов SUV, ќе го има само во Америка

Објавено на

 

Согласно претходно објавените планови за ширење на гамата, Mazda за американскиот пазар го претстави потполно новиот SUV, CX-50.

Овој модел ќе биде прв на марката кој, почнувајќи од јануари, ќе се произведува во новата фабрика во сојузната држава Алабама која е заедничка со Toyota.

Mazda CX-50 кој ја дели платформата со Mazda3 и CX-30 во американската понуда на производителот ќе биде позициониран над CX-5.

На почетокот ќе биде задвижуван со 2,5 литарски Skyactiv-G мотори со и без турбо компресор и максимални 187 односно 250 коњски сили, а за понатаму е планирана електрификација.

За возните карактеристики ќе бидат задолжени најновите i-Activ AWD и Intelligent Drive Select (Mi-Drive) системи на Mazda кои нудат различни начини на возење за различни услови.

Елегантниот но моќен надворешен изглед ги нагласува теренските способности, додека кабината е направена да пружи врвно искуство во возењето.

 

 

 

 

Popular Posts

Copyright © 2019 Autoinfo.mk. Изработено од SVNA Design.