Видео
Maserati MC20 Cielo [3*видео]
Maserati ја претстави топлес изведбата на суператрактивниот MC20 наречена Cielo, што на италијански значи небо.
Со тоа сé е кажано освен дека неговиот преклоплив покрив е стаклен со функција на затемнување, со притисок на копче.
Системот има и една маана – кога покривот е склопен, 3,0 литарскиот V6 битурбо кој располага со 630 коњски сили, не се гледа.
Спринтот до 100 km/h трае 3 секунди, додека стрелката на брзинометарот ќе застане дури на 320 километри на час.
Цената не е објавена, но треба да се има предвид дека купето чини 210.000 евра.