Видео
Maserati Grecale и официјално [3*видео]
Откако минатата недела ги најави своите планови за електрификација, Maserati денес го претстави долго очекуваниот SUV модел Grecale.
И да, и тој, како и сите други модели, ќе има свој електричен пандан кој треба да пристигне идната 2023 година.
Што се однесува до бензинскиот Maserati Grecale, на врвот на понудата е Trofeo верзијата со 3,0 литарски твин-турбо V6 мотор со 523 KS.
Со овој мотор кој има систем за деактивација на цилиндрите, Grecale постигнува максимални 285 километри на час, а до 100 km/h забрзува за 3,8 секунди.
Помал од Levante, овој SUV е базиран на Giorgio-платформата која се користи и кај Alfa Romeo Stelvio, а ќе се произведува во фабриката Касино во Италија.
Меѓу другите ќе му конкурира и на Porsche Macan, а пазарното деби ќе го има во третиот квартал годинава.