Во светот
Maserati Ghibli Hybrid: Прв чекор кон електрификацијата (ВИДЕО)
Историски момент за Maserati – претставен е првиот хибриден модел на марката.
Срамежливо, мора да кажеме, бидејќи се работи само за блага 48-волтна хибридна технологија која ја најавува претстојната електрификација.
Новиот погонски склоп на Ghibli е дволитарски турбо четирицилиндричен со 330 KS и 450 Nm, што е скоро идентично како и основната GranLusso бензинска изведба на моделот.
Забрзува до 100 km/h за 5,7 секунди и постигнува максимални 255 km/h.
За задоволство во возењето, пак, издувниот систем е опремен со таканаречени резонатори.
Во поглед на еколошките перформанси, од Maserati излегоа со бројки во кои е тешко да се поверува – Ghibli Hybrid според WLTP стандардите има декларирана потрошувачка од 8,5 l/100 km.
Токму таа бројка го оправдува поставувањето на сини детали на каросеријата и во кабината, кои треба на оној што го гледа да му сигнализираат дека има хибридна технологија.