EV
Maserati најави два модела [видео]
Во чест на својата 106-та годишнина, Maserati подготви пригодно видео во кое најави два модела со ознаки Grecale и GranTurismo.
Приказната за Maserati започна во 1914 година кога браќата Алфиери, Еторе и Ернесто ја креираа компанијата која ја нарекоа со своето презиме.
Во него секоја буква од абецедата е претставена со една или повеќе автомобилски ѕвезди кои ја создадоа историјата на марката, освен последните кои ќе имаат задача да ја создадат иднината.
Така на крај после краткото запознавање со проминентниот MC20, видеото завршува со силуети на два модела – Grecale и GranTurismo. Првиот е SUV помал од Levante за кој иако пристигне идната година, освен дека ќе биде под влијание на Alfa Romeo Stelvio, многу малку се знае.
Вториот е подобро познат – тој е спортски автомобил со четири седишта за кој од компанијата се изјаснија дека ќе биде првиот целосно електричен Maserati и е најавен за 2022 година.