EV
Maserati го најави новиот и електричен GranTurismo [фото-галерија]
Прототипите на GranTurismo излегоа од лабораториите на Maserati за да позираат на улиците во Модена.
Како наследник на истоимениот сегашен модел, новиот GranTurismo освен името ќе нема многу што заедничко со него.
Возилото на фотографиите е тешко маскирано, но сепак се забележува елегантната купе линија и изменетиот преден дел.
Освен дека му претстои интензивен период на тестирања, за него Maserati не кажа ама ниту збор, но затоа другите велат дека ќе има повеќе од 650 коњски сили.
Сепак да почекаме да доближи малку идната година, кога е планирано да биде претставен.