EV
Lynk & Co 03 Cyan: Тркач по кинеска рецептура
Новооснованата кинеска компанија за урбана мобилност, Lynk & Co ги здружи силите со Cyan Racing во намера да се направи конкурентен натпреварувач во светскиот TCR-шампионат.
Тоа е најдобар начин да им се покаже на староседелците во TCR (Touring Car Racing) шамионатот Audi, Alfa Romeo, Honda, Hyundai, Peugeot, Seat и Volkswagen, дека и тие имаат (шведско-кинески) коњи за трка.
За таа намена воспостваена е соработка со Cyan Racing, шведска комапнија со две децениско искуство во тркачкиот спорт која треба серискиот патен модел да го доведе до конкурентно натпреварувачко ниво.
Ќе го искористиме искуството од минатите перформансни патни автомобили во комбинација со огромниот број податоци што ќе ги добиеме од тркачката програма, преку илјадници и илјадници извозени кругови на тркачкото возило низ патеките од целиот свет и во екстремни услови”, рече Кристијан Дал, извршен директор на Cyan Racing.