EV

Lynk & Co 03: Кинеската премиум лимузина подготвена за европски настап

Објавено на

 

Моделот „03“ е трет модел на новата кинеска компанија „Lynk & Co“ која функционира како фирма-ќерка на групацијата Geely, под чија капа е засолнет и Volvo.

Кинезите мудро ја играат играта наречена настап на европскиот и американскиот пазар.

Поседувајќи ги премиум швеѓаните од Volvo и користејќи ја нивната врвна технологија, веќе се подготвени за напад на најразвиените светски пазари, европскиот и американскиот.

За прв пат прикажан како студија на салонот во Шангај минатата година, и сега незнатно изменет, сериската изведба на моделот „03“ е веќе подготвена за европски настап.

Во суштина говориме за компактна премиум лимузина чија механика ќе биде идентична со идниот Volvo S40.

Тоа и не е така лошо ако се знае дека врз идентична платорма е изграден и носителот на титула, Автомобил на годината во Европа 2018, која ја освои суб-компактниот SUV, Volvo XC 40.

Влезен мотор со кој ќе настапи Lynk & Co 03 на европскиот пазар е 1.5 трицилиндерски турбо бензинец со максимални 148 КС. Бензинецот со еден цилиндар повеќе ќе има 2.0 литри и ќе ослободува 187 КС, додека за блиска иднина се планирани и хибрид како и целосно електричен модел.

 

 

 

 

 

 

 

 

 

Click to comment

Popular Posts

Copyright © 2019 Autoinfo.mk. Изработено од SVNA Design.