Во светот

Link & Co Zero Concept: Влез во електричниот свет

Објавено на

 

На 2020 China Motor Show, Link & Co го прикажа Zero, првиот целосно електричен автомобил кој во сериска продукција влегува идната година.

Kинескиот премиум бренд, Link & Co, кој има силни Европски корени, концептно го прикажа, Zero својот прв целосно електричен автомобил.

Технолошките конекции со Volvo (таму кинезите се доминантни сопственици) се одлична референца за вградување на врвна техника. Информациите говорат за погонска силина која ја испорачуваат повеќе мотори.

Системската силина од 544 КС се распределува на сите тркала овозможувајќи динамика својствена само за супер спортистите.

Катапултирањето до првата стотка би требало да трае пократко од 4 секунди. Овие бројки добиваат на тежина кога ќе се погледне автономијата од цели 700 километри.

Новата платформа, Sustainable Experience Architecture (SEA) која во иднина ќе ја користат и останатите брендови на GeelyVolvo, Polestar и Lotus – е развиена во Гетеборг, Шведска.

Во постигнувањето на врвни спортски доживувања ќе помогне ниското тежиште како и идеалниот 50:50 распоред на тежината на двете оски. Можностите за автономно управување како и дузина безбедносна опрема, во оваа класа, се стандард кој Zero лесно го надминува.

Брендот Link & Co е основан од страна на Geely Auto Group и Volvo Car Group во 2018 година. До сега од петте модели кои се нудат на Кинескиот пазар, пласирани се над 300 илјади возила.

Најавите за Европски настап на Link & Co се одложувани неколку пати, а како причина се наведува недостаток од производни капацитети во Европа предизвикани од рекордните продажни бројки на Volvo.

Дали Zero ќе биде првиот модел кој ќе го промовира брендот во Европа, набргу ќе се дознае.

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

Popular Posts

Copyright © 2019 Autoinfo.mk. Изработено од SVNA Design.