Во светот
Li Xiang One: Луксузен SUV со погон на електрика
На престојниот Shanghai Auto Show, новиот кинески производител ќе се претстави со пет-метарски луксузен SUV на електричен погон кој ќе има и бензиски мотор ангажиран за зголемување на автономијата.
Игнорирање на кинескиот пазар и случувањата таму, значи непочитување на најголемиот светски пазар и неверојатната динамика со која кинеските производители грабат кон иднината.
Li Xiang е млад производител кој е релативно анонимен во Европа. Ако некој поска подетално да се запознае со неговото минато или пак со генезата на неговото создавање ќе наиде на информативен „кинески ѕид“.
Затоа подобро е да се позанимаваме со нивниот луксузен SUV, One кој веќе и е претставен на јавноста.
На прв поглед, цената (во Кина) од преку 52 илјади евра изгледа превисока. Но почекајте, ако внимателно ја разгледаме вградената технологијана нештата се менуваат, па цената изгледа сосема логична.
Најпрвин, Li Xiang One за погон користи два електромотори, сместени на двете оски, кои вкупно испорачуваат 326 КС. Сетот батерии сместен во подницата има капацитет од 40.5 kWh кои се доволни за автономија од 180 km.
Свесни за тој ограничувачки фактор, конструкторите вградиле и мал турбо бензинец од 1.2 литри кој работи исклучиво за полнење на батериите.
Тоа од темел ја менува ситуацијата. Заедничката работа овозможува поминување на 700 km со едно полнење на батеријата и со истовремено празнење на малиот бензиски резервоар.
Тоа е таа кинеска прагматичност и барање на оптимални решнија кои во пракса функционираат перфектно.
На прв поглед цената на возилото е превисока. Но внимавјте, Li Xiang One е луксузен SUV од виоска класа, на ист ранг со еден BMW X7.
Надворешните димензии (5.020 x 1.960 x 1.760 mm) овозможуваат архитектура на внатрешноста со шест рамноправни седишта, а по порачка Li Xiang може да го испорача One и со седум седишта.
Ако се осмелиме да прогнозираме, кинезите освен што во моментов се најголеми светски производители, во иднина ќе се обидат да ги освојат сите светски пазари. Li Xiang One е доволен показател за таквата прогноза.