Во светот

Lexus IS: Спортски луксуз во компактно пакување (ВИДЕО)

Објавено на

 

Со моделот IS, веќе 20 години Lexus се спротивставува на германското трио на компактни луксузни седани кои ги краси спортска нота. За моделската година 2021, IS е темелно преработен.

Веќе 30-тина години Lexus, како премиум бренд на Toyota, гради имиџ на луксузен бренд. Спортската нота кај досегашните модели беше секогаш присутна, но никогаш доминантна.

Во хиерархијата на класичните седани на Lexus, моделот IS има најскромни димензии (LS и LX). Можеби токму поради компактноста, луксузниот спортски седан, стои рамо до рамо со моделите кои говорат германски јазик.

Во оваа класа, рецептот е одамна познат: мотор напред, погон позади. Ако се понуди и предна оска која помага во пренесувањето на силината, тоа се смета за предност. И додатен спортски аргумент, секако.

Сето тоа го имаше и претходната генерација на Lexus IS, па затоа инжинерите задолжени за развој беа исправени пред сериозен предизвик. Вистинското прашање беше, на кои позиции ќе се интервенира ако се знае дека и претходникот храбро гледаше кон иднината.

 

Toyota Technical Center Shimoyama

Очигледно, новиот технички центар на Toyota во Шимојама (Shimoyama) кој беше лани пуштен во употреба, требаше да ги угости првите развојни концепти.

Тестната патека во должина од 5.3 километри која се наоѓа во склоп на техничкиот центар, е изградена со многу внимание.

Таа е проектирана со многубројни свиоци кои ги симулираат најсложените патни услови.

Резултатите од бројните тестирања сугерираа зголемување на ригидноста на каросеријата со истовремено намалување на тежина.

Јасно, решението е најдено, во зајакнување на страничните точки и што е уште пологично, употребени се лесни легури на алуминиум наместо лиен челик. Со тоа се намалени неамортизираните маси, намалена вкупната тежина и добиено на цврстина.

Моторизација

Влезниот мотор (IS 300) угостува 2.0 литарски турбо со линиски поставени четири цилиндри. Тој е расположлив во комабинација само со заден погон а до таму силината од 241 КС се пренесува преку 8-степенска автоматика.

Овој мотор се одликува со способноста да преминува од Otto во работен циклус Atkinson, и сето тоа во зависност од оптеретувањето. Скромната потрошувачка е приоритет; мора да се води сметка за еколошките норми.

Следен во скалилото е IS 300 AWD кој од 3.5 литарски V6 извлекува 260 КС. Преносот до сите тркала се одвива преку автоматика со 6 степени на пренос.

Врвот на понудата е означен со IS 350 кај кого V6 моторот е навиејен на 311 КС, а погонот на задната или на двете оски е избор на купувачот. Најснажниот IS забрзува до првите 100 км/ч за помалку од шест секунди.

Ништо помалку од комплетна безбедносна опрема и не се очкува во оваа класа. Префинетоста ќе ја илустрираме преку вградениот аудио систем кој доаѓа со потпис од Mark Levinson. Звукот се репродуцира од 17 звучници чија заедничка моќност изнесува 835 W.

Lexus IS од моделската 2021 година во продажните салони ќе се појави во четвртиот квартал од годината. Шефот на Тојота групацијата, Акио Тојода јавно се изјасни за лубовта кон Lexus, а посебно кон IS, новиот луксузно-спортски компактен седан.

 

Видео прилог од комплетната витруелна презентација на Lexus IS.

 

 

текст: Агрон Сулејман

фото & видео: Toyota

 

 

 

 

Popular Posts

Copyright © 2019 Autoinfo.mk. Изработено од SVNA Design.