Lexus отсекогаш бил напредна марка, но со оваа своја студија ги изненади сите.
Се работи за рекреативно сетеренско возило со ознака ROV, што е кратенка токму од тоа –Recreational Off-Highway Vehicle.
Но иако ваков квадрицикл за забава никако не се вклопува во софистицираната гама на Lexus, тоа не е најголемото изненадување.
Имено, за негов погон е искористен еднолитарски мотор со внатрешно согорување кој како гориво место бензин користи водород.
За жал, освен димензиите (3.120×1.725×1.800 mm) Јапонците не објавија никакви детали за него.
