EV
Lancia ќе лансира три нови модела, ама до 2028-ма
Започна планот на Stellantis за големото враќање на Lancia, но тој ќе трае десет години и засега предвидува само три нови модела.
Во Lancia се среќни бидејќи сега го продаваат само малиот Ypsilon кој е стар 11 години, и тоа само во Италија.
Како ќе изгледа ќе дознаеме пред крајот на годинава бидејќи веќе е започнато да се работи на концепт со кој ќе биде најавено идното дизајнерско изразување.
Нареден ќе биде кросовер со кој ќе се оживее историското име Aurelia, а после него ќе следи Delta, и двете само во електрично издание бидејќи од 2028 година Lancia ќе стане исклучиво електрична марка.