EV

Lamborghini Urus: Премиум SUV кој достигна 10К произведени единици

Објавено на

 

За неполни три години по претставувањето, Lamborghini Urus ја достигна првата голема цел, 10.000 произведени единици. Луксузниот SUV од Sant’Agata Bolognese ги потврди целите на проектот.

Urus претставува вистинска револуција за италијанскиот бренд, со што може да достигне рекордни количини во споредба со производството на современиците, Huracán и Aventador.

Јубулејниот примерок со сериски број  10.000 е наменет за руски клиент и е дел од моделската 2021 година, а се карактеризира со понуда нови опции за персонификација.

Всушност, примерокот ја претставува новата завршница на бои, Nero Noctis Matt, која се комбинира со надворешниот пакет со јаглеродни влакна и црната и портокаловата кожа на внатрешноста од програмата, Ad Personam.

Верзиите од 2021 година може да се нарачаат и во варијантата со патнички дел во бисерна боја.

Во принцип сите верзии можат да се порачаат со дво-тон изглед кој комбинира четирислојна нијанса на бои од бисери Inti Grey, Borealis Orange и Mantis Green со други сјајни црни елементи, како што се покривот, задниот дифузор или лајсната на спојлерот.

 

 

 

 

 

Popular Posts

Copyright © 2019 Autoinfo.mk. Изработено од SVNA Design.