Италијанската компанија Kimera Automobili подготви модерна интерпретација на култната Lancia 037.
Не е само фантастични изгледот кој недвосмислено потсетува на оригиналот – конструкторите на Kimera EVO37 се имаат погрижено и техничките карактеристики, иако комбинирани со модерни технологии, да бидат такви.
Затоа и моторот кој исто како и оригиналниот го произведува Italtecnica е 2,1 литарски четирицилиндричен сместен надолжно зад грбот на возачот и совозачот, но сега со турбо и механички компресор и 505 KS.
Колку е запазена верноста нека посведочи и тоа што за оваа работа беше задолжен Клаудио Ломбарди, кој беше одговорен и за моторот на Lancia 037, додека менувачот е мануелен а погонот, нормално, на задната оска.
Тркалата се од 19 инчи, ослонувањето е дело на специјалистите од Ohlins, сопирачките ги потпиша Brembo, а каросеријата е изработена од јаглеродни влакна.
Kimera планира да направи само 37 примероци по цена од 480.000 евра, при што првите испораки ќе стартуваат од септември.
