EV
Kia Telluride е прогласен „2020 Светски автомобил на годината“
Престижната титула “2020 World Car of the Year” отиде во рацете на Kia Telluride која во финаланиот избор победи пред финалистите Mazda CX-30 и Mazda3.
Жирито составено од 86 еминентни новинари кои доаѓаат од 24 земји му ја додели титулата на Telluride пред двоецот на Mazda составен од моделите CX-30 и Mazda3.
Воедно ова беа финалистите влезени во потесниот годинешен избор, кој патем речено, годинава се одржува по 16. пат. Организаторот ги соопшти и носителите на награди во одделни категории; Porsche Taycan е прогласен за “World Performance Car of the Year”, и тоа пред блиските роднини, 911 и 718 Boxster Spyder.
Taycan истовремено е прогласен и за “World Luxury Car of the Year”, добивајќи најголем број гласови од жирито, пред Porsche 911 и Mercedes-Benz EQC.
Втората титула за Kia ја донесе Kia Soul EV победувајќи во категоријата “Urban Car of the Year, оставајќи ги зад себе Mini Cooper SE и Volkswagen T-Cross.
И на крајот, наградата “World Car design of the Year” отиде во рацете на еден од трите финалисти, Mazda3.
Ако се навратиме на последните четири години, престижната титула ја добиваа Mazda MX-5 (2016), Jaguar F-Pace (2017), Volvo XC60 (2018), и Jaguar I-Pace кој се закити со титулата минатата година.