Unite Gallery Error:

Gallery with alias: KiaSportage2019Test not found
Unite Gallery Error:

Gallery with alias: TestKiaSportage2019 not found
Kia Sportage 1.6 CRDi First Edition: Технолошка мускулатура - Autoinfo.mk

Тестови

Kia Sportage 1.6 CRDi First Edition: Технолошка мускулатура

Објавено на

 

Додека останатите балкански пазари сеуште чекаат на пристигнувањето на Kia Sportage (моделска година 2019) ние ја тестиравме дизелската верзија збогатена со сета расположива опрема.

Старата вистина која вели, купувајте автомобил од производител на кого добро му оди, се обидовме да ја провериме во пракса. Се разбира, овде мислиме на четвртата генерација на SUV претставникот на Kia со средна големина, Sportage.

Моделската година, 2019 на бестселерот му носи децентни естетски дотерувања на надворешноста и, што е многу поважно, збогатување на содржината. Кога е веќе така најинтересна опција за  тестно возење ни претставуваше Sportage со врвно ниво на опрема, First Edition.

Посилната дизел изведба на 1.6 CRDi моторот испорачува 136 КС и вртежен момент од цели 320 Nm. Тој на сите четири тркала (AWD) се пренесува преку автоматски менувач со двојна спојка и седум степени на пренос. Ако кон оваа механичка основа се додаде и можноста за затварање на диференцијалот, станува јасно дека говориме за сериозни капацитети.

 

 

Опрема од повисоките ценовни класи

Од опремата која заслужува внимание најпрвин во очи паѓаат прекрасно дизајнираните 19 цолни бандажи со нископрофилни гуми (245/45R19). При доближување на возилото ќе засветли малата LED диода на вратата давајќи до знаење дека за влез и вклучување на моторот доволно е клучот да ви остане во близина.

Штом ќе се влезе во Sportage познавачите ќе забележат дека рачната сопирачка е електрична а аудио системот на JBL е со големина од осум инчи. Останатите промени во однос на претходникот се сведуваат на декоративни лајсни и апдејтирање на командната табла со потребните информации за новите системи.

Вградувањето на системот за контрола (и автоматска корекција) на коловозната лента, потоа можноста за самостојно сопирање во случај на опасност од претрчување на пешаци, детекција на возила кога се излегува попречно на патот, предупредување за возило во „мртов агол“, претставуваат технолошки исчекор во однос на досега достапните системи.

При возење

Новиот дизел воопшто не се плаши од воведување на новите стандарди против загадувањето. Уште сега тој ги исполнува условите пропишани со Euro 6d Temp нормите кои на сила ќе стапат во септемви 2019. Преработката на моторот подразбира употреба на селективен каталитички конвертор (SCR) и уште цела низа на хардверски и софтверски решенија кои овозможуваат максимална редукција на штетните издувни гасови.

Високиот вртежен момент од 320 Nm се постигнува во опсег помеѓу 2.000 и 2.250 вртежи во минута. Во зависност од расположението возачот може да бира помеѓу два различни мода при што притискањето на копчето значи постигнување на подинамично возење. Кога сето ова прецизно ќе се спакува се добива капацитетен SUV со стабилно и предвидливо однесување, без разлика на квалитетот на коловозот и подлогата по која се вози.

При брзинте делници, големите 19 инчни тркала обуени со пневматици од Continental, ќе знаат да ги испеглат и најгрубите асфалнти површини. За жал немавме услови за проверка на однесувањето при отежнати услови, но тоа веќе го имаме испробано во досегашниот модел, па нема причина тука да е поинаку.

На крајот се поставува прашањето, дали вложувањето во најопремениот Sportage кој чини безмалку 32 илјади евра е исплатива инвестиција? Одговорот е индивидуален. Ако ви е потребен SUV со сите безбедносни и комфорни нишани, одговорот недвосмислено е позитивен.

 

 

 

 

 

 

 

 

Click to comment

Popular Posts

Copyright © 2019 Autoinfo.mk. Изработено од SVNA Design.