Во светот
Kia Sorento со две нови награди за дизајн, триумфира на Red Dot и iF Award
Новата, електрифицирана генерација на новиот Sorento освои уште две глобално вреднувани награди. Водечкиот SUV на Kia е добитник на наградите Red Dot и iF Award за дизајн.
Со последните признанија, марката ја продолжува својата извонредна серија на успеси во двете конкуренции. Kia Soul беше првиот модел што доби Red Dot во 2009 година, а во текот на годините, уште 26 модели на Kia ја добија посакувана „црвена точка“.
Во натпреварите за iF Award, бројот на наградувани возила на Kia, сметајќи го и новиот Sorento, се искачи на вкупно 21.
Кога говориме за новиот Sorento, наградите не се однесуваат само на дизајнот. Неговиот извонреден квалитет беше препознаен како најдобар во силната конкуренција за „Автомобил со погон на сите тркала за 2020 година“ организиран од Auto Bild Allrad.
Новата генерација на Sorento е создадена во соработка помеѓу двете дизајн студија на Kia.
Карим Хабиб, раководител на центарот за глобален дизајн, коментира: „Кога го дизајниравме новиот Sorento, се обидовме да ја развиеме робусната естетика на претходните генерации притоа применувајќи поголем степен на префинетост и елеганција.
Навистина, концептот на „рафинирана смелост“ го инспирираше целиот процес – со резултат да биде зрел и избалансиран, но и сигурен дизајн. Воодушевени сме што престижните награди како Red Dot и iF го препознаа ова дело“.