Во светот
Kia Sonet 7 – мал SUV за многу луѓе
Лани кога го претстави, Kia го лансираше малиот SUV, Sonet со големи амбиции, а сега дојде време да ги остварува, ама не на начин на кој се помислува.
Како модел изворно наменет за Индија каде се произведува, Kia Sonet го предизвика светското внимание.
Одговорните во корејскиот производител решија неговиот глобален пат да го започнат од Индонезија, со чуден чекор – го понудија со 7 седишта!
Опремен е со 1,5 литарски бензински мотор со 115 коњски сили, спарен со 6-степен мануелен или CVT менувач.
Цената на Kia Sonet 7 во Индонезија пресметано изнесува околу 13.700 американски долари. Засега нема информација кога (и каде) ќе продолжи со својата глобална експанзија