EV
Kia Picanto: Малиот поприлично созреа
Kia ги затегна борите на сојот најмал член во флотата, интервенирајќи така во надворешните и внатрешни детали како и во безбедносната опрема и моторната понуда.
Таму каде што припаѓа, а тоа е Европскиот А-сегмент не е вообичаено да се понуди модел so гаранција од 7 години или 160 илјади километри.
Ниту пак опрема која ја имаат, за по два броја, поголеми модели.
Tокму редизајнираниот Picanto доаѓа со комплетен сет за безбедност каде се вклучени детекција и автоматско сопирање во случај на опасност од колизија.
Присутни се и предупредувањето за напуштање на коловозна лента, автоматско држење на правец, покривање на мртвиот агол, прдупредувањето за замор на возачот. И уште цела низа системи кои одат во тој, раскошно димензиониран пакет.
Заедно со редизајнот доаѓаат и две верзии на трицилиндерски “Smartstream” еднолитарски бензинци. 1.0 T-GDi ослободува 100 КС при што обилна помош добива од системот за вбризгување кој сега работи под притисок од 350 bar.
Атмосферецот го зменува стариот мулти-поинт мотор а улогата за полнење на цилиндрите сега ја презема dual-port fuel injection технологијата. Свој придонес во примерната ефикасноста дава и целосно наново развиениот термички менаџмент.
Излезната силина на моторот е задржана на 67 КС, но уште поважен од тој податок е извонредната економичност, односно ниската емисија на CO2.
Опционално во понуда е и нов Автоматски мануелен менувач, кој е економска замена за автоматските трансмисија, а си ја врши одлична работата.
За почитувањето на публиката за која е наменет Picanto говори и податокот за целосно новата конективност која ќе се препознава како “Phase II” UVO. бројни се конективните можности како и новите информации кои ги пружа системот, па реално е да се очекува и во идните модели на Kia.
За малку ќе заборавевме да ги споменеме системите за стабилзиација при возење и сопирање, како и 7-те воздушни перници. Се на се, говориме за најбезбедното возило во својата класа.
Дали ќе го има и кај нас? На тоа прашање ќе треба да одговорат од Киа Моторс Македонија.
тескт: Агрон Сулејман
фото: Kia