Видео

Kia Niro HEV, втора генерација [4*видео]

Објавено на

 

Kia уште при крајот на ноември ја покажа втората генерација на Niro, но тогаш конкретните технички детали изостанаа.

Беше соопштено само дека овој модел и понатаму ќе се нуди како хибрид (HEV), плаг-ин хибрид (PHEV) и во електрична варијанта (EV).

Сега, во пресрет на почетокот на продажбата која во Јужна Кореја ќе стартува овој месец со хибридната изведба, Kia ги објави нејзините спецификации.

Како и досега, Niro HEV од 1,6 литарскиот GDi бензински мотор преку 6-степениот менувач со двојна спојка на предните тркала испорачува комбинирани 141 KS.

Цените остануваат непознати, додека деталите за PHEV и EV верзиите ќе бидат соопштени пред почетокот на нивната комерцијализација подоцна годинава.

Што се однесува до изгледот, на возилото меѓу другото се истакнуваат LED предните светла и единствениот вертикален дизајн на задните светла.

Новиот Niro димензиски малку порасна – сега е долг 4.420, широк 1.825 и висок 1.545 mm а има меѓуоскино растојание од 2.720 mm.

Околу естетиката нема да трошиме многу простор – подобро говорат четирите подолу дадени видеа отколку било каква наша експликација.

 

 

 

 

 

 

 

Popular Posts

Copyright © 2019 Autoinfo.mk. Изработено од SVNA Design.