Европското жири за избор на автомобил на годината ги објави резултатите од своето гласање.
Во овој предјубилеен 59-ти избор победата со најмногу бодови (279) меѓу седумте финалисти ја однесе Kia EV6.
Електрични се и моделите кои се пласираа на второто и третото место – Renault Megane E-Tech (265 бодови) и Hyundai Ioniq 5 (261 бод).
Во изборот учествуваа 60 специјализирани новинари од 22 европски земји, додека гласовите на рускиот член на жирито беа суспендирани.