EV

Kia EV3: Компактен SUV со домет од 600 километри [видео]

Објавено на

 

Иснпириран од поголемиот EV9, компактниот SUV на Kia е набиен со најнова технологија со што застанува на врвот на електричните возила.

Kia EV3 на европскиот пазар ќе се појави во втората половина од годината.

Купувачите во матичната земја ќе му се израдуваат некој месец порано и тоа пред се поради прилагодување на комуникативните системи и стриминг опциите.

Многу поважно: ова електрично возило прави своевидна тивка револуција во употребата на возилата со електричен погон.

Opposites United

Карим Хабиб во функција на шеф дизајнер на групацијата, актуелниот дизајнерски стил го нарекува “единство на спротивности“.

Што и да подразбира под тој термин, едно е сигурно: новата генерација на електрични возила започната со знаменосецот, EV9 изгледа баш импресивно. И пред се, оригинално.

Предниот дел се опишува како Tiger face, а ако повнимателно се загледа, лесно се воочуваат контури на анимален израз.

За визуелните детали би можеле надолго да дискутираме за секоја секција одделно, но ќе повториме, стилот од поголемиот брат тука добива нова димензија.

Не толку импресивна според димензиите колку што е тоа случај со високото ниво на содржина.

Внатрешноста е современа проекција на постоечките електрични возила. Фунционалноста и ергономијата се подигнати за едно скалило погоре и прилагодени за секојдневна употреба.

И повторно, квалитетот на употребените материјали и богатата содржина, поставуваат нови стандарди во класата на компактни SUV возила.

Многу важен податок за постигнување на поголем радиус на движење секако е аеродинамиката. Во намалувањето на отпорите свој допринес дава и подницата изработена со 3Д технологија.

И покрај високиот стил, коефициентот на отпор на воздух, Cd=0,263 докажува дека обликот е ставен во функција на употреблисвоста.

Преден погон со 204 КС

EV3 во должина брои 4.300 mm, ширината изнесува 1.850 mm додека во висина е истегант до 1.560 mm.

Возилото е поставено на E-GMP (Electric Global Modular Platform) платформата, и користи технологија на батерии од четвртата генерација.

Погонскиот електромотор од 150 kW (204 КС) е поставен на предната оска, основната батерија има капацитет од 58,3 kWh додека поголемата 81,4 kWh.

Со „лонг ренџ“ батеријата може да се прејдат до 600 км (според WLTP), а напредниот ситем за полнење овозможува батеријата од 10 до 80% да се наполни за само 31 минута.

Електронскиот менаџмент на енергијата овозможува забрзувањето до 100 км/ч да трае 7,5 секунди, со максимум на брзината поставен на 170 км/ч.

Инфо-забавенн систем и опрема

Пред возачот е поставен екран со дијагонала од речиси 30 инчи. Од тоа 12,3 одат на таблата со инструменти, 5 на командите за климатизацијата, следните 12,3 инчи на инфо-забавниот систем.

И тоа не е се, како помош за концетрирање на патот, пред очите на возачот е поставен хедап дисплеј од 12 инчи.

Тоа е околу „телевизорите“. Како дополна доаѓа опремата во вид на ADAS систем кој ги обединува сите безбедносни уреди, заклучно со автоматско сопирање во случај на детектирана опасност.

Преку новиот систем на регенерација на енергијата (i-Pedal 3.0 regenerative braking technology) возачот може да го избира степенот на регенерација и тоа до ниво на употреба само на една педала.

Аудио системот го испорачува Harman Kardon, но уште поважно од тоа е употребата на вештачка интeлигенција (функционира со гласовни команди).

Стриминг сервисот се одвива преку LG Automotive Content Platform (ACP), и токму поради негово јазично прилагодување, Kia EV3 на европскиот пазар ќе биде лансирана со неколкумесечно задоцнување.

Останува уште да ги видиме цените, па да оцениме дали електричните модели конечно стануваат подостапни за пошироката публика.

 

 

 

 

 

 

Popular Posts

Copyright © 2019 Autoinfo.mk. Изработено од SVNA Design.