Во светот
Kia Carens ја менува класата
Не е повеќе моноволуменец – Kia го најави новиот Carens ќе има изглед на SUV-модел.
Најпрво во Индија а потоа и во остатокот од светот, новиот Kia Carens ќе ги освојува купувачите со својот сосема променет изглед.
Слична трансформација лани преживеа и новиот Carnival кој со имплементирањето на Opposites United дизајнерскиот јазик тешко дека може да се нарече моноволуменец.
Според скиците, и Carens со впечатливите големи светла напред и назад и линиите на силуетата изгледа како кросовер.
Тоа е нагласено со кровните носачи и пластичните заштити на каросеријата, додека рамната линија на покривот користи за поголем простор за главите.
Она што се забележува е дигиталниот кокпит кој се протега по целата широчина и засебните контроли за климатизацијата.
Нема најави за моторизацијата, иако може да се претпостави дека ќе бидат користени 1,5 литарски бензински и дизел мотори од другите модели на Kia во Индија.