EV
Kia ја пушти во погон првата наменска фабрика за производство на EV
Сместена во Kia Autoland Gwangmyeong во Јужна Кореја, новата фабрика има годишен производствен капацитет од 150.000 единици.
За првата половина на 2025 година се планира да започне со производство и моделот Kia EV4 кој е електричен седан со средна големина.
Тоа се двата модела кои спаѓаат во категоријата на ценовно најприфатливи EV а кои ќе се произведуваат токму во новата фабрика.
Завршувањето на фабриката Kia Gwangmyeong EVO го зацврстува првиот чекор на Kia како лидер на EV по лансирање на првото електрично возило на компанијата во 2021 година.
Објектот во кој се инвестирани приближно 300 милиони американски долари, практично значи трансформирање на фабриката Гвангмјеонг 2, првично завршена во 1987 година за возила со мали мотори со внатрешно согорување.
Фабриката Gwangmyeong EVO е дел од пошироката стратегија на Kia за проширување на својата gama на електрични возила. Тaa го следи лансирањето на Kia EV6 во 2021 и Kia EV9 во 2023 година. Со овој нов погон, Kia има за цел да ја зајакне својата позиција на перспективниот пазар на електрични возила.