Во светот
Kia слави јубилеј – 10 милиони возила во Америка
Големо достигнување за корејската марка – за помалку од три децении Kia стигна до десет милиони продадени возила во САД.
Овој јубилеј многу добро кажува колку бргу се имаат адаптирано на условите на американскиот пазар.
Kia започна да ја освојува Америка во 1992 година кога беше основата компанијата задолжена за продажба, маркетинг и дистрибуција на возила.
Првите два модела – Sephia и Sportage беа лансирани при крајот на 1993 година, а во 2009-тата е отворена и фабриката во Џорџија.
Денес Kia во САД има силна продажна мрежа од 755 дилери кои нудат 11 различни модели.