Актуелен Миг
Kia повторно покажува карактер
Kia одамна ги надмина стандардите од нејзините почетоци во Европа. Сега тоа е бренд кој нуди најдобри гаранции но и моделски варијанти кои клинетите не можат да ги најдат на друго место.
Stonic во GT Line изведбат е нјадобра доказ за тоа. Инспириран од спортот, конкретно од моќните GT моделите Stinger, Ceed и ProCeed GT сега спортскиот дух го манифестира и урбаниот кросовер.
Промените се видливи на предниот и задниот браник. Предниот браник е со интегрирани LED светла за магла, три влеза за воздух на предниот дел на автомобилот и метална решетка по долниот раб.
Понатаму, моделот GT Line е опремен стандардно со нови целосно LED светла, создавајќи карактеристична перцепција за моделот.
Задниот дел има поистакнат заден браник кој се разликува од другите верзии на Stonic, а истиот е дополнет со отвори кои имитираат две издувни цевки и заден дифузер.
Посебните 17-инчни алуминиумски тркала кои се добиваат исклучиво во оваа изведба го комплетираат изгледот на спортскиот Stonic.
Најочигледна разлика во внатрешноста на GT Line изведбата е модифицираната облогата со ефект на јаглеродни влакна на таблата.
Седиштата се со зајакнати страници и се во комбинација од црна ткаенина и кожа со контрастни шевови во бело. Понатаму, во внатрешноста се среќава и различен управувач обложен со перфорирана кожа и рамен солен дел.
Во центарот на контролната табла е голем 8-инчен инфо-забавен систем со екран чувствителен на допир што ја подобрува конективноста и контролата на возилото.
Системот им овозможува на корисниците да поврзат два мобилни уреди истовремено – еден за употреба на телефон, а другиот за навигација. Исто така, најголема новост е безжичната конекција со Apple CarPlay и Android Auto.
Моделот достапен кај нас е опремен со 1,0 литарскиот T-GDi агрегат кој развива 100 коњски сили и 172 Nm, а менувачот е 7-степен DCT автоматик. Новиот Stonic во GT Line ниво на опрема во комбинација со автоматскиот менувач и двобојната каросерија кај нас чини 21.200 евра.