EV

Kia очекува 30% од продажбата да бидат електрични возила

Објавено на

 

Најавувајќи ја идната електрична гама, главниот оперативен директор на европската подружница на Kia Емилио Херера изјави дека очекува до 2025 година 30% од европската продажба да бидат електрични возила.

Првото од низата ќе биде претставено наскоро и ќе биде кросовер со амбиции да стане најпродаван електричен модел на марката во Европа. Електричната гама на Kia е предвидено да се состои уште од голем SUV, седан, градски автомобил и можеби спортски модел.

Освен за најмалиот, за сите други ќе биде искористена тукушто претставената E-GMP модуларна електрична платформа на Hyundai групата.

Таа е направена да овозможи автономија до 500 km и перформанси на ниво на спортски автомобил.

Нејзината флексибилност дозволува да се користи во широк спектар возила – од компактни до кросовери со седум седишта, со погон само на задните или на сите четири тркала.

За разлика од сегашните електрични возила на групата кои користат архитектура од 400 V, таа е проектирана за 800 V, што е причина Корејците да тврдат дека за 18 минути батериите ќе можат да се наполнат до 80 отсто од својот капацитет.

Што се однесува за најавениот кросовер, тој ќе има дизајн инспириран од концептот Imagine покажан на салонот во Женева 2019-тата.

Треба да биде лансиран во септември и веќе до крајот на годинава се очекува продажба од 10-15 илјади примероци.

Електричната продажба на Kia лани во Европа се состоеше од 8.000 примероци од Soul и 31.000 од Niro.

 

 

 

 

 

 

Popular Posts

Copyright © 2019 Autoinfo.mk. Изработено од SVNA Design.