EV
Kia мисли за сопствениците на електрични возила
Со лансирањето на својот јавен сервис за полнење наречен KiaCharge, корејскиот производител ќе им го олесни животот на сопствениците на електрични и плагин хибридни возила во Европа.
Тој е замислен како интегрирана услуга со која се нуди едноставно користење на, како велат, најголемата мрежа за полнење во цела Европа која располага со околу 160.000 AC и DC полначи.
Плаќањето ќе се извршува преку збирна месечна фактура.
Тие исто така ќе имаат преглед на сите информации за полначите – локациите, цените за полнење и достапноста доколку провајдерот на услугата го овозможува тоа.
KiaCharge сервисот ќе биде достапен во седум европски земји – на почетокот во Италија, Полска и Шпанија, а подоцна и во Австрија, Франција, Германија и Швајцарија, со планови за понатамошно ширење.
Истиот сервис ќе им биде достапен и на сопствениците на електрични и плагин хибридни возила од марката Hyundai, под името Charge myHyundai.