EV
Kia и во криза до рекордни бројки
Покрај сите предизвици, Kia лани во Европа оствари продажни резултати за секоја пофалба.
Според податоците на Европската асоцијација на автомобилски производители, ACEA кои опфаќаат 30 европски земји (ЕУ минус Малта плус Велика Британија, Швајцарија, Норвешка и Исланд), Kia лани продаде вкупно 416.715 возила.
Тоа е пад од 17% во однос на претходната година, но бидејќи волуменот на пазарот се намали за 24%, овој резултат беше доволен за пораст на пазарното учество на корејската марка о
Најмногу купувачи, очекувано, освои Ceed – 114.759, после кој следат Niro со 77.498, Sportage со 70.344, Stonic со 51.322 и Picanto со 48.213 продадени примероци. Посебно е значаен Niro кој се нуди во три изведби – хибрид, плаг-ин хибрид и целосно електричен, со продажба која порасна за 35%.
Неговото учество, заедно со електричниот e-Soul кој со продадените 7.999 примероци продолжи по успешниот пат, придонесе секое четврто продадено возило на Kia во Европа да биде електрифицирано.
А токму на тоа подрачје корејската компанија ја најавува својата идна експанзија.