Во светот

Kia има Plan S – нова стратегија за електрични возила

Објавено на

 

Plan S (S како Shift), тоа е планот на Kia до 2025 година кој предвидува во наредните 5 години да се вложат 25 милијарди евра во развој на електрични возила. Според Plan S се предвидува и промена на досегашното лого.

Новиот шеф на Kia, Хо Сунг Сонг има сериозни развојни планови. До 2025 година компанијата планира масовна селидба на моделите во областа на електричната мобилност.

Самото име, Plan S означува Shift, односно промена на досегашниот пристап.

Искрено, Корејците ниту до сега не заостануваа со електрично придвижувани модели, но ако се верува на новата стратегија, до 2025 година се очекува целосна електрификација.

Тоа би требало да биде поддржано со 25 милијарди долари, што би значело развојни трошоци во висина од по цели 5 милјарди на годишно ниво. Колку за споредба Tesla во идните две години, за развој има планирано 12 милијарди долари.

Оперативниот план предвидува развој на PBV (Purpose-Built-Vehicles) – наменски транспортни возила со автономно управување и електрични автомобили. Со новиот пристап компанијата предвидува конструкција на 11 електрични возила и хибриди до 2025, и уште 7 чисто електрични возила до 2027 година.

Електричните возила ќе бидат изградени врз новата E-GMP (Electric-Global-Modular-Platform), а г-дин Сонг е убеден дека до 2026 ќе бидат пласирани 500 илјади електрични и уште толку плаг-ин автомобили.

Не помлку битен е фактот што Kia ќе го менува и логото кое сега ќе има форма на електричен соленоид, јасно имплицирајќи ја новата стратегија.

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

Popular Posts

Copyright © 2019 Autoinfo.mk. Изработено од SVNA Design.