Во светот

Karsan Atak Electric: Турскиот електричен автобус нема потреба од возач [видео, 0:59]

Објавено на

 

Со присуство на државниот врв, во Истанбул беше претставен електричен автобус со автономно движење. Сериското производство веќе е започнато.

Karsan Atak Electric е првиот автобус на турскиот производител Karsan кому не му е потребен возач. Автобусот на електричен погон, во вкупна должина од 8,3 метри, може да понесе до 52 патници.

Со едно полнење на литиум-јонските батерии може максимално да помине 300 километри, а за повторно понење на батериите потребни се 5 односно само 3 часа во зависност од тоа дали полначот работи на едносмерна или пак на наизменична струја.

Батериите со капацитет од 220 kWh ги испорачува BMW со кого Karsan соработува веќе неколку години. Нивото 4 на самостојно движење е обезбедено во соработка со домашната компанија Adastek.

Погонскиот електромотор испорачува 230 kW (313 КС) и вртежен момент од големите 2.500 Nm. Реалната димензија на проектот ја обезбедува информацијата која говори за сериско производство кое е веќе започнато.

 

 

 

 

 

 

 

 

Popular Posts

Copyright © 2019 Autoinfo.mk. Изработено од SVNA Design.