Во светот

Jeep Wrangler Rubicon 392 Concept: Ново срце за пустоловецот

Објавено на

 

За прв пат после 1981 година, Jeep ќе вгради V8 мотор во некој свој модел.

Зошто „392“ и „Concept“ во името? Бројката ја означува големината на V8 моторот (во инчи кубни) од 6.4 литри додека наставката дека сеуште моделот не е понуден во серија.

Купувачите на Jeep одамна бараат нешто навистина големо под хаубата. Не станува тука збор само за демонстрација на теренски капацитети туку можеби уште повеќе за имиџ со кој би им мафтале на конкурентите.

И конечно им е удоволено. Во Wrangler Rubicon ќе биде вграден V8 од 450 КС и 610 Nm. Во механичката екипа се вклучени и 8-степенски менувач, електрични затварачи на двете оски, подигнувачи на каросеријата од Mopar, и уште цела низа компоненти со високи перформанси.

Интересен е податокот за специјалните теренски гуми кои се со огромен дијаметар од 37 инчи а се поставени на 17-инчни бандажи. Делумно на тие пневматици се должи клиренсот од големите 33.6 cm.

Очекувањата од Wrangler Rubicon 392 се големи, а веројатно таква ќе биде и испораката на перформанси. За сега се знае дека овој Џип ќе може да совлада водена препрека со длабочина од 86 cm, да нападне терен под агол од 51.6 и да го напушти под 40.1 степени.

За стилот и изведбата на внатрешноста, како и за опремата, во некоја наредна прилика. Веруваме дека се со квалитет кој одговора на стекнатиот имиџ.

 

 

 

 

 

Popular Posts

Copyright © 2019 Autoinfo.mk. Изработено од SVNA Design.