Во светот

Jeep Grand Wagoneer: Голем и скап (видео)

Објавено на

Американската теренска легенда го враќа Wagoneer во својата понуда.

Како што веќе цели седум години се најавува, Jeep со овој модел повторно тргна во освојување на поскапите SUV сегменти.

Амбициите се толку големи што сериската верзија на Wagoneer која ќе се појави идната есен ќе чини меѓу 60.000 и 100.000 долари.

Со тоа Jeep ги надминува конкурентските модели на Chevrolet, GMC и Ford и навлегува на територијата на премиум марките Cadillac и Lincoln.

Затоа, но и заради габаритите, во името на концептот се содржи ознаката Grand.

FCA не објави колку точно овој теренец со три реда седишта е голем, но тоа од фотографиите не е тешко да се заклучи.

Поставен е на платформата на RAM 1500 од каде ќе ги добие 3,6 литарскиот V6 и 5,7 и 6,4 литарските V8 мотори, но и за пикапот ветениот плаг-ин систем.

Согласно обичајот, во оваа рана фаза на претставувањето не е објавена ниту најголемата силина со која ќе располагаат погонските единици.

Но затоа фактот дека ќе има напреден 4×4 погон е истакнат, а ќе биде на располагање и со погон само на задните тркала.

Се споменува и дека ќе биде понудена негова попристапна изведба без Grand во ознаката, со цена од околу 45.000 долари.

 

 

 

 

 

Popular Posts

Copyright © 2019 Autoinfo.mk. Изработено од SVNA Design.