EV
Jeep Grand Cherokee L: Повеќе простор, повеќе луксуз [видео]
Новата година на Американците им започна со нов модел на Jeep кој носи познато име – Grand Cherokee, ама додадената буква L во ознаката го диференцира од истоимениот модел.
Разликата сепак е поголема од само една буква – Jeep Grand Cherokee L е нова генерација на познатиот модел која во оваа L изведба има три реда седишта и повеќе луксуз.
Продолжената платформа има меѓуоскино растојание од 3.090 mm (за 174 mm повеќе) додека должината е зголемена за 386 милиметри, на 5.204 mm.
Зголемени за 50 mm се и трагите на тркалата, а во гамата се два мотора – 3,6 литарски Pentastar V6 со 290 и поголемиот 5,7 литарски Hemi V8 со 357 KS.
И двата мотора се впарени со осумстепен автоматски менувач, погонот стандардно е на задните тркала, додека 4×4 погонот е достапен како опција.
Во внатрешноста меѓу другото се среќаваат дигитална инструмент табла, поквалитетни материјали и широка лепеза сериска и дополнителна опрема, како комфорна така и безбедносна.
Не е познато кога ќе биде претставена верзијата со нормално меѓуоскино растојание и два реда седишта.