EV
Jeep Compass 80th Anniversary: адекватна прослава на годишнината
Jeep слави 80 години од постоењето, па по тој убав повод ќе бидат произведени специјални едиции на актуелните модели. Прв во Европа ќе пристигне Compass 80th Anniversary.
Естетски дотеран со екслузивни дизајнерски елементи, на новиот Compass што ќе пристигне на европскиот пазар ќе му припадне честа на прв модел кој ќе ја понесе ознаката „80-годишнина“.
Jeep Compass се одликува со освежен високотехнолошки профил, истовремено задржувајќи го својот угледен урбан, модерен и софистициран дух. .
Новиот Compass може да се пофали со освежен екстериер и комплетно нов ентериер, избор на бензински, дизел и хибриден погон. Тука се и новите технологии кои овозможуваат поудобно и попаметно урбано возење.
Новите безбедносни системи исто така ќе го подобрат однесувањето на пат и надалеку познатите 4×4 можности на Jeep.