EV
Jaguar Land Rover ќе ја крати гамата
Ќе биде преиспитано постоењето на сите модели во целата гама на Британскиот производител.
Причините се јасни – да се заштеди на трошоци.
Одлуката што ќе остане, а што ќе биде принудно пензионирано ќе биде донесена во наредните неколку недели.
Засега сигурен е само електричниот Jaguar I-Pace, кој е единствен модел чија продажба во првите месеци годинава порасна – сите други забележаа опаѓање. Некои модели и драстично, како на пример седаните XE и XF.
Ќе бидат преиспитани и идните модели, кои ако не бидат запрени во развојот ќе преживеат модификување на плановите. Но што и да се случи, јасно е дека ќе влијае на работењето на компанијата во наредните три до четири години.
Битно е да се каже и тоа дека одлуката за ваков чекор не дојде од раководството на JLR туку од индиската Tata која е сопственик на компанијата. при носењето на тешката одлука веројатно пресудне бил фактот што JLR за консолидирање на финансиската состојба дополнително се задолжи за 700 милиони долари.
Во моментов Jaguar Land Rover произведува 14 разни модели, а во план за лансирање до 2024 година се уште два сосема нови.