Анализи
J.D. Power 2020 – (Не)очекувани резултати?!
Една од најреномираните светски агенции која се бави со квалитетот на производите ја издаде листата за најквалитетни автомобили за 2020 година.
Студијата на J. D. Power се одвива во два правци: првиот се однесува за квалитетот на возилото изразен преку задоволство на купуваччите оо првите три месеци, а вториот за неговата доверливоств.
Во однос на доверливоста, се испитуваат возила до три годишна старост.
Рангирањето на производителите се одвива во комбинација на овие два параметри, а се објавува како индекс на извршени интервенции на 100 продадени возила.
Секогаш се разгледува целата гама на производителот, со тоа што се зима просек од сите модели. Посебно рангирање се прави и по класи на возила, но тоа ќе го оставиме за некоја друга прилика.
Резултатот од испитувањето е табела кај која рангирањето е извршено започнувајќи од брендовите со најдобар резултат.
J.D. Power 2020
Позиција | Марка | Проблеми на 100 возила |
1. | Dodge | 136 |
1. | Kia | 136 |
2. | Chevrolet | 141 |
2. | Ram | 141 |
3. | Genesis | 142 |
4. | Mitsubishi | 148 |
5. | Buick | 150 |
6. | GMC | 151 |
7. | Volkswagen | 152 |
8. | Hyundai | 153 |
9. | Jeep | 155 |
10. | Lexus | 159 |
11. | Nissan | 161 |
12. | Cadillac | 162 |
Просек | 166 | |
13. | Infiniti | 173 |
14. | Ford | 174 |
14. | Mini | 174 |
15. | BMW | 176 |
16. | Honda | 177 |
16. | Toyota | 177 |
17. | Lincoln | 182 |
18. | Mazda | 184 |
19. | Acura | 185 |
20. | Porsche | 186 |
21. | Subaru | 187 |
22. | Chrysler | 189 |
23. | Jaguar | 190 |
24. | Mercedes | 202 |
25. | Volvo | 210 |
26. | Audi | 225 |
27. | Land Rover | 228 |
28. | Tesla | 250 |
Како што може да се забележи првото место го делат Dodge и Kia со по 136 интервенции на 100 возила. Помеѓу првите 12 бренодови се наоѓа само една германска марка; тоа воедно значи дека подобар од индустрискиот просек со индекс 166, е рангиран само Volkswagen.
Изненадувачки, на последно место со индекс од 250 е пласирана Tesla но во орбазложението на авторите на студијата, совен карактеристичните кварови се напоменува дека анкети се извршени во само 40 Сојузни држави помеѓу кои не е Калифорнија во која процентуално има најголем број продадени возила на електричен погон токму од Tesla.
извор: J.D. Power