EV

Ineos Grenadier е Land Rover од новата генерација

Објавено на

 

Личи на Land Rover но не е – всушност нема ништо заедничко со него.

Своевремено, британскиот милијардер Сир Џејмс Ретклиф се обиде од Land Rover да ги откупи правата за производство на стариот Defender, ама тоа не му успеа.

Но тој сепак не се откажа од замислата и состави тим што го разви овој теренец кој многу личи на Land Rover, но тоа не е.

Наречен е Ineos Grenadier и нема ништо заедничко со него – без оглед на очигледната сличност, тој е самостојно развиено возило.  Ќе се произведува во нова фабрика во Јужен Велс, но каросеријата и шасијата ќе доаѓаат од Португалија.

Засега нема многу технички детали за него – се споменуваат крута шасија, 3,0 литарски BMW бензински и дизел мотори, осумстепен ZF менувач, централен диференцијал кој ќе може да се блокира…

Плановите на компанијата се во наредните година со флота тест возила направени во соработка со Magna Steyr да се поминат 1,8 милиони километри, па дури после да кажат кога би започнала продажбата.

 

 

 

 

Popular Posts

Copyright © 2019 Autoinfo.mk. Изработено од SVNA Design.