Во светот

IAA 2021: Автомобилот е мртов, да живее автомобилот!

Објавено на

 

Некогашниот најголем (во буквална смисла на зборот) светски салон на автомобилите се пресели од Франкфурт во Минхен, каде отсега ќе се одржува.

Нагласувајќи го ова како нов почеток, организаторите покрај новата локација успеаја да соединат и неколку други моменти во својата приказна.

Тука пред сé е форматот на самата манифестација, која сега покрај во саемските хали е распространета на повеќе локации низ целиот град.

IAA 2021 е и првиот меѓународен салон на автомобилите кој се одржува откако пандемијата го презеде управувањето со нашите животи во свои раце.

Но пред сé најважно е што со него се дава реален поглед во вистинската иднината во која класичните автомобили ќе изумрат.

На нивно место ќе дојдат електричните возила, кои во Минхен ги изложија недоволниот број изложувачи за да можеме да кажеме дека салоните се враќаат.

Сепак тоа што е изложено го заслужува сето можно внимание, заради што и организаторите очекуваат посетеност која ќе ги оправда сите напори за одржување на оваа манифестација.

 

 

 

 

Popular Posts

Copyright © 2019 Autoinfo.mk. Изработено од SVNA Design.